СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ИМ ЧЕСТИТАА НА СТУДЕНТИТЕ НА ПОБЕДАТА Државата мора да мисли стратешки

Сојузот ја поздрави предлог-мерката за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, која предвидува месечна финансиска поддршка од 3.000 денари за сите средношколци.

54

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија изразува јавна поддршка на студентските собранија и им честита на вчерашната победа.

Апелираме да се размислува за изнаоѓање на системско решение за субвенционираниот студентски оброк, налик на моделот применуван во европските земји, конкретно Словенија. Освен финансиската, важна улога мора да играат и нутритивната и економската димензија.






Понатаму, скорешните настани ја покажуваат важноста на вклучувањето на засегнатите страни во процесите на одлучување уште кога ќе се работи на првиот нацрт. Државните институции мора да размислуваат стратешки, а не да чекаат да се создаде револт којшто ќе ги корегира нивните грешки“ – се вели во соопштението на Сојузот на средношколци.

Воедно, Сојузот ја поздрави предлог-мерката за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, која предвидува месечна финансиска поддршка од 3.000 денари за сите средношколци. Оваа предлог-мерка на прес-конференција ја образложи пратеникот и претседател на Собраниската комисијата за финансии и буџет, Бојан Стојаноски.

Оваа приоритетна мерка е голем чекор во зголемување на средношколскиот стандард, а ќе им помогне на средношколците во ова време на криза. Сојузот на средношколци ги повикува сите пратеници во најкус можен рок да ја поддржат мерката, со што ќе нè поддржат и нас“ – се вели во соопштението.

Поврзани содржини