КОЈ ЌЕ ДОБИЕ ПРВ ОТКАЗ? Безос отпушта 10.000 работници од „Амазон“

Планот за намалување на бројот на работници треба да почне да се реализира неделава.

363

Kомпанијата „Амазон“ на милијардерот Џеф Безос планира да отпушти околу 10.000 вработени, што е помалку од еден отсто од глобалната работна сила на компанијата и 3 отсто од вработените во корпорациите.

Планот за намалување на бројот на работници треба да почне да се реализира неделава.






„Амазон“ на крајот на 2019 година пријави 798.000 вработени, но компанијата имаше 1,6 милиони работници со полно и скратено работно време на 31 декември 2021 година, што е зголемување од 102 отсто.

Годинава акциите на „Амазон“ се намалија за околу 41 отсто.

 

Поврзани содржини