ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАЛ СМРТ Водителот Џеј Лено тешко повреден во пожар
Лено за „Мирор" изјавил: „Имам сериозни изгореници од пожарот. Добро сум. Ми требаат само една или две недели да застанам на нозе".
Славниот водител Џеј Лено (72) е тешко повреден откако му експлодирал еден од автомобилите.
Имено, како што пренесува ТМЗ, актерот се наоѓал во гаражата, во која има колекција на автомобили, а во еден момент дошло до експлозија.
Лено се здобил со сериозни повреди на левата страна од главата, но за среќа не му се повредени окото и увото, според извештаите.
Во моментот се наоѓа на одделението за изгореници, а неговата состојба се следи од минута во минута.
Лено за „Мирор” изјавил: „Имам сериозни изгореници од пожарот. Добро сум. Ми требаат само една или две недели да застанам на нозе”.
Лено требаше да се појави на финансиска конференција во Лас Вегас во недела навечер, но не можеше да присуствува поради тешката повреда на левата страна на лицето.
Поради ваквата ситуација Лено ги откажа сите ангажмани кои требаше да се одржат во наредниот период.