НЕ СИ ОДЕТЕ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА БЕЗ ДА ПРОБАТЕ ЗЕЛНИК, СИРЕЊЕ И КОМПИРИ ОД КОТЛЕ Специјалитет што може да најаде едно чудо луѓе

Сите знаеме дека прекрасната Малешевија е позната по убавото сирење и вкусните компири. Оние кои досега не биле во овој крај, можеби никогаш не пробале и малешевски зелник кој никако не смее да се пропушти. Не се чудете, мастрафот за овој зелник не е внатре, како што сме навикнати, туку на ачик, во средина на погачата.

236

Меки како памук одвнатре, крцкави однадвор, со вкусни филови, или оној стандардниот, со праз и со сирење или пак со некоја помодерна верзија, со блитва и сирење, малешевските зелници се превкусен специјалитет кој не смеете да не го пробате ако патот ве однесе во кој било дел од Малешевијата.

Ние имавме среќа да го пробаме во еден ден двапати. На фармата за овци Агро чука во Негрево каде што вредната домаќинка Билјана го направила со праз и со сирење, а ни го послужи со превкусно сирење од нивната фарма и домашен ајвар, но и во куќата на нашиот домаќин Горан Алачки во село Владимирово, каде што ни го послужија и во двете верзии, со праз и со блитва. Патем, тука пробавме и од славните малешевски компири во неколку варијанти: спакувани како фил за пита, полнети со ајвар, но и оние најголемите малешевски компири сварени во котле на отворен оган. Лудница, што би рекол Алачки.






Рецептот побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини