ЌЕ ГЛЕДАМЕ КОШАРКА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ? Раководството на НБА очекува да заработи милијарда долари
Наддавањето за правата за стриминг во НБА најверојатно ќе започне од една милијарда долари по сезона.
Раководството на НБА-лигата размислува да го продаде правото за пренос на натпревари преку Интернет, објави „Фронт офис спортс”. Се очекува дека борбата за ексклузивни права ќе се одвива меѓу „Амазон” и „Ејпл”.
Наддавањето за правата за стриминг во НБА најверојатно ќе започне од една милијарда долари по сезона.
Во претстојните преговори за долгорочен телевизиски договор, НБА очекува вкупна сума од 50-75 милијарди долари.
Тековниот 9-годишен договор од 24 милијарди долари со „ESPN” и „Turner Sports” беше потпишан во 2014 година и стапи на сила во 2016 година. Истиот ќе истече по завршувањето на сезоната 2024/25.