РУСИТЕ ГИ ПОВЛЕКОА ОФИЦЕРИТЕ ЗА ДА ИЗБЕГНАТ БИТКА ВО ХЕРСОН Новите мобилизирани војници се префрлени од другата страна на реката

Кирил Стремусов, заменик-шеф на регионалната администрација во Херсон поддржана од Русија, денеска изјави дека над 20.000 цивили се евакуирани на левиот брег на реката Дњепар. Тој рече дека додека украинските сили се обидуваат да ја пробијат офанзивата на десниот брег, руските одбранбени линии „се зајакнати и ситуацијата останува стабилна“.

1,351

Руското воено раководство ги повлече офицерите во градот Херсон преку реката Дњепар анектиран од Русија, во очекување на напредување на украинските трупи, соопшти тинк-тенк Институтот за проучување на војната, јавува ГласотНаАмерика. За да ја одложи украинската контраофанзива додека Русите го завршуваат нивното повлекување, Москва ги остави новомобилизираните, неискусни сили од другата страна на широката река, се додава во извештајот.

Движењето на војниците доаѓа откако украинската војска соопшти дека нејзините сили ги продолжиле контраофанзивите во регионите Херсон и Запорожје. Вчера, властите инсталирани од Русија во Украина им рекоа на сите жители на Херсон да заминат веднаш пред очекуваната акција на украинските трупи да го вратат градот. Кирил Стремусов, заменик-шеф на регионалната администрација во Херсон поддржана од Русија, денеска изјави дека над 20.000 цивили се евакуирани на левиот брег на реката Дњепар. Тој рече дека додека украинските сили се обидуваат да ја пробијат офанзивата на десниот брег, руските одбранбени линии „се зајакнати и ситуацијата останува стабилна“.






Херсон е во руски раце уште од раните денови на осуммесечната војна во Украина. Градот е главен град на истоимениот регион, еден од четирите што рускиот претседател Владимир Путин незаконски ги анектираше минатиот месец и ги стави под руска воена состојба во четвртокот.

Поврзани содржини