СТРУЈА ОД ЦЕНТРАЛА НА ДИЗЕЛ КАКО ОПЦИЈА Владата ја задолжи ЕСМ да подготви извештај за трошоците и можностите

Владиниот советник за енергетика денеска изјави дека во последен период има повеќе предлози за тоа како да се зголеми производството на струја.

500

Иницијативата за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија е да се зголеми домашното производство на струја, изјави денеска советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов.

Владиниот советник за енергетика рече дека во изминатиот период до владата пристигаат најразлични понуди за зголемување на производството на електрична енергија.






– Имајќи предвид дека сме силно зависни од увоз на електрична енергија и токму оваа иницијатива е во насока да се зголеми домашното производство преку инсталирање на такви постројки, кои можат да се инсталираат многу брзо и да го зголемат домашното производство – рече Андонов.

Тој информира дека владата ја задолжила ЕСМ да направи анализи и да подготви извештај со сите технички и финансиски детали за Владата, а за одлуката потоа ќе биде информирана и јавноста.

Поврзани содржини