ПРИМИЛ 9,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, НО НЕ ПЛАТИЛ ДАНОК Кривична за скопјанец кој не ѝ платил 10 отсто на државата

Пријавениот, во текот на 2021 година, како што соопштија денеска од МВР, на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10 проценти од вкупниот остварен доход.

645

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б.(54) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „даночно затајување”.

Пријавениот, во текот на 2021 година, како што соопштија денеска од МВР, на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10 проценти од вкупниот остварен доход.






– Ф.Б. не поднел задолжителна годишна даночна пријава до УЈП и не платил данок на личен доход од 971.494 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани содржини