СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ГРУПНАТА ТЕПАЧКА ВО ДЕБАР МААЛО Малолетнички се скарале на училиште, па се истепале на улица (ВИДЕО)

Граѓани преку Фејсбук сведочат дека станувало збор за групна тепачка меѓу млади лица. На видеото се гледаат турканици и во еден момент групата се растура.

2,972

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот што доцна синоќа се случи во срцето на Дебар Маало.

Граѓани преку Фејсбук сведочат дека станувало збор за групна тепачка меѓу млади лица. На видеото се гледаат турканици и во еден момент групата се растура.






Од МВР го потврдија инцидентот.

– Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул. Орце Николов, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.

Поврзани содржини