НОВ КОМБИНИРАН ЛЕК ЗА КОРОНА Европа го одобри Евушелд на АстраЗенека

Евушелд доби дозвола за ставање во промет во ЕУ за превенција од пред-изложеност на ковид-19 кај возрасни и адолесценти на почетокот на оваа година, и веќе е достапен во повеќето земји во Европа. 

145

АстраЗенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран лек со антитела со долго дејство за пациенти со ковид-19, Евушелд, е одобрен во Европската Унија за лица на возраст од 12 години и постари.

Одобрувањето на Европската комисија е засновано на резултатите од третата фаза од студијата за Евушелд, соопшти британско-шведската фирма.






Резултатите покажаа дека една доза Евушелд обезбедува клинички и статистички значајна заштита од развивање на тешка клиничка слика на ковид-19 или смрт кај нехоспитализирани возрасни лица кои имале благи до умерени симптоми седум дена или помалку.

Евушелд доби дозвола за ставање во промет во ЕУ за превенција од пред-изложеност на ковид-19 кај возрасни и адолесценти на почетокот на оваа година, и веќе е достапен во повеќето земји во Европа.

Поврзани содржини