КРАДЕЛ ВО АВТОБУС НА ЈСП Полицијата приведе малолетник од Волково

Момчето се сомничи дека на 10.09.2022 во 23.15 часот во населбата Даме Груев во Скопје, во автобус на ЈСП, заедно со уште две лица со закана со остар предмет од В.Н.(19) од с.Орман одзел ранец со предмети.

370

Денеска во 07.00 часот во с.Волково-скопско, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Волково.

Тој се сомничи дека на 10.09.2022 во 23.15 часот во населбата Даме Груев во Скопје, во автобус на ЈСП, заедно со уште две лица со закана со остар предмет од В.Н.(19) од с.Орман одзел ранец со предмети. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани содржини