БАРАЊАТА НА РУСИЈА СЕ ДЕТСКА ИГРАЧКА ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА Медведев вели дека Киев ќе капитулира според руските услови
Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И Украина ги знае – (тоа се) целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија, напиша Медведев на Телеграм.
Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев повторно ѝсе закани на Украина.
„Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И Украина ги знае – (тоа се) целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.
Заканите од Медведев уследија откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва додека Русија поставува ултиматуми.
Претходно, Зеленски во интервју за Си-ен-ен изјави дека сега не е подготвен да преговара со Москва.
– Тоа е мојот принцип, не разговарам со тие кои поставуваат ултиматуми – изјави Зеленски, додавајќи оти Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.