ДОЈДОВМЕ НА 48 КИЛОМЕТРИ ОД РУСКАТА ГРАНИЦА Украинците се фалат дека зазеле повеќе од третина од регионот Харков
Русите мислеа дека ќе нападнеме на југ и ја преместија својата опрема и војници. Потоа, наместо на југ, имаше офанзива онаму каде што најмалку очекуваа и тоа предизвика паника и бегство, рече Тарас Березовец, портпарол на бригадата Бохун на украинските специјални сили.
Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни, денеска изјави дека украинските сили стигнале на околу 48 километри од северната граница со Русија, додавајќи дека напредувањето во регионот Харков продолжува и на југ и кон исток.
Жалузни на својот канал на Телеграм напиша дека украинските сили ослободиле повеќе од 2.000 квадратни километри територија за 10 дена и додаде: „Украина продолжува да ги ослободува теритомириите окупирани од Русите“.
Информациите не можат независно да се потврдат, но Русија вчера призна дека нејзините сили го напуштиле Изјум, клучното воено упориште во регионот Харков.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и украинската војска, денеска објавија видео на социјалните мрежи за кое тврдат дека го покажува подигнувањето на знамето во селото Чкаловски во регионот Харков.
Украинскиот контранапад на југот, за кој многу се зборуваше, беше кампања за дезинформации за да се одвлече вниманието на Русија од вистинска контраофанзива што се подготвуваше во регионот Харков, објавија украинските специјални сили.
Украинските сили продолжуваат со неочекуваниот, брз напредок во североисточниот дел на земјата, заземајќи повеќе од една третина од окупираниот регион Харков за три дена. Голем дел од територијалните придобивки на Украина вчера потврди и руското Министерство за одбрана.
– Тоа беше голема специјална операција за дезинформирање – рече Тарас Березовец, поранешен советник за национална безбедност, кој стана портпарол на бригадата Бохун на украинските специјални сили.
– Русите мислеа дека ќе нападнеме на југ и ја преместија својата опрема и војници. Потоа, наместо на југ, имаше офанзива онаму каде што најмалку очекуваа и тоа предизвика паника и бегство – рече тој.