ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКОПЈАНИ Главниот град четири дена ќе биде под посебен сообраќаен режим
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 06.09.2022 (вторник) и на 07.09.2022 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.
На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.