ПРЕТЕПАН КАПЕТАНОТ УСТИЈАНОВСКИ Го нападнале двајца пред хотел во Охрид
Во охридската полиција случајот го пријавил самиот Г.У. (40), пред два дена околу 14 часот.
Откако во медиумите се појави информација дека физички е нападнат капетанот на пристаништа на Македонија Горан Устијаноски, од МВР соопштија официјални информации за настанот.
Во охридската полиција случајот го пријавил самиот Г.У. (40), пред два дена околу 14 часот.
– На 28.08.2022 во 14.00 часот во СВР Охрид, Г.У. (40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид – информира МВР.
Оттаму истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.