РАНЕТ ВОЈНИК ВО „ИЛИНДЕН“ Му пукнал пиштолот додека му го предавал колега
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата, велат од МВР.
Припадник на македонската армија бил ранет во ногата кога испукал пиштолот што му го предавал колега кој требало да преземе смена, соопшти МВР.
– На 25.08.2022 околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден” во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември” за укажување лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата – велат од МВР.
Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.