ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР ЈА МАСАКРИРАШЕ СВОЈАТА ДЕВОЈКА! Ја малтретирал додека не умрела, монструозни видеа (ВИДЕО)
Соседите притрчале да ѝ дадат прва помош на жената и повикале брза помош и полиција, но таа починала непосредно пред доаѓањето на лекарите додека убиецот чекал на лице место за полицијата да го уапси.
Страшна вест ни доаѓа од Италија, каде италијанскиот фудбалер Џовани Падовани (27) ја убил својата 30 години постара девојка Алесандра Матеучи.
Имено, станува збор за играч кој ги помина сите помлади категории на Наполи, но никогаш не успеа да се наметне и не заигра за првиот тим, туку талкаше по пониските лиги во Италија.
– Едвај чекам да дојде полиција, сакам се да заврши – беа првите зборови кои ги кажа Падовани по убиството на неговата 57-годишна партнерка.
Кога жртвата се вратила во нејзината резиденција околу 21 часот и 30 минути, младиот човек ја изненадил.
Тој почнал да ја удира со раце, а потоа со чекан и други остри предмети и нанел тешки повреди во пределот на главата додека таа викала да застане и повикала помош.
Соседите притрчале да ѝ дадат прва помош на жената и повикале брза помош и полиција, но таа починала непосредно пред доаѓањето на лекарите додека убиецот чекал на лице место за полицијата да го уапси.
– Ја слушнав како вика „помош Џовани, те молам, не!“ – им рекла сестрата на жртвата на безбедносните органи по апсењето на Падовани.
Според неа, 27-годишниот маж досега физички не ја нападнал жртвата, но бил љубоморен на својата партнерка и љубоморно се однесувал кршејќи садови и фрлајќи чаши кон неа. Кога таа не одговараше на неговиот телефон, тој се јавуваше на нејзиното семејство и им кажуваше навредливи зборови.
Соседите, кои зборувале за италијанските медиуми, изјавиле дека парот бил заедно една година. Тој живеел на Сицилија, а таа живеела и работела во Болоња.
Падовани почнал да биде опседнат со својата девојка и во јануари таа го замолила да ја прекине нивната врска. Тогаш убиецот почнал да ја демне 57-годишната жена, според соседите, двајцата често се тепале пред куќата на жртвата.
На 29 јули, Матеучи поднела барање за забрана за доближување за да се заштити од него, но иако обвинителството отворило запис, забраната за доближување не била издадена бидејќи полицијата чекала да разговара со сведоци кои биле на одмор за да го дополни извештајот што ќе го поднесе до надлежниот суд.
Алесандра Матеучи беше многу активна на социјалните мрежи. Таму го запознала својот убиец пред една година.
Често се фотографирала пред огледало како пробува облека и чевли. Впрочем, нејзината професија беше поврзана со модата бидејќи работеше како претставник на модна куќа во Болоња.
Според италијанските медиуми, изгледа дека големата разлика во години не била пречка за нивната врска. Но, кога тој станал репресивен кон партнерката, таа се исплашила од него и го замолила да ја напушти куќата.
– Многу се плашеше од него затоа што се инаетеше и не сакаше да го пушти во куќата – рекол соседот, додека друг сосед рекол дека жртвата побарала од нив да не ја отвораат влезната врата од зградата.