ДЕНЕС Е ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЖРТВИТЕ ОД ТОТАЛИТАРНИ РЕЖИМИ Фашизмот, комунизмот и нацизмот зедоа милиони човечки животи
Потеклото на Европскиот ден на сеќавање на жртвите на сталинизмот и нацизмот датира од 1980-тите. Во тоа време, европските бегалци кои живеат во Канада организираа мирни протести. Овие протести ја подигнаа свеста за кршењето на човековите права што го овековечија властите во Советскиот Сојуз.
На денешен ден нацистичка Германија и комунистичкиот СССР во 1939 година потпишале пакт за ненапаѓање и со тоа ја начнале Втората светска војна. Години подоцна Европа го одбележува денот на Црната лента оддавајќи им почит на жрвите и на фашизмот (и нацизмот) и на Сталинизмот и осудувајќи ги овие идеологии. Постојат многу споредби зошто и двете идеологии и режими во историјата се сметаат за тоталитаристички.
Можеби најпрецизната од нив се наоѓа во книгата „Извори на тоталитаризмот“ од Хана Арент, Еврејката која била современик и на Хитлер и Сталин и ги споредува нивните методи, па дури и ги смета за слични и аналогни. Aналогија е и бројката на убиени луѓе во овие режими кој се брои во милиони. Најголемиот диктатор по бројка на убиени во историјата е Мао Це Тунг во комунистичка Кина.
Потеклото на Европскиот ден на сеќавање на жртвите на сталинизмот и нацизмот датира од 1980-тите. Во тоа време, европските бегалци кои живеат во Канада организираа мирни протести. Овие протести ја подигнаа свеста за кршењето на човековите права што го овековечија властите во Советскиот Сојуз. Во 1991 година, демонстрациите за Денот на црната лента беа одржани во 56 градови низ светот по распадот на советскиот блок.
Во 2008 година, Европскиот парламент официјално го одреди 23-ти август како Европски ден на сеќавање на жртвите на сталинизмот и нацизмот. Парламентот на Канада го следеше примерот во 2009 година. Оттогаш, Соединетите Држави и другите земји го признаваат 23-ти август како Ден на црната лента.