НЕПОКОРЛИВИОТ СКОПСКИ БУНТОВНИК И СВЕТСКИ СЛИКАР На денешен ден бил роден Никола Мартиноски
Многу од делата на Мартиноски од почетокот на триесеттите години претставуваат сцени од кафеанскиот живот или пак се поврзани со проституцијата. Користејќи го искуството на други уметници, Мартиноски ги деформира, дури и ги карикира фигурите за да ја нагласи бруталноста на мотивите на кои работи. Сликите „Доилка“ и „Композиција – Мајка со дете“ (1929/30), се дадени со слободни контури на фигурите и пејзажите, со еден вид експресионистичка тензија. Сликата „Кафеана 1“ (1930) е смело „измешана“ и преполнета композиција. Формите на женските и машките фигури се дадени со нервозни, раздробени потези, со забележлива кубистичка и експресионистичка инспирација.
Македонскиот Модилијани, експериментален сликар кој поминал низ повеќе фази, а е помалку познат од Лазар Личеновски и Димитар Пандиловски, со кои ја сочинува тројката која ќе го започне модернизмот во Македонија. Тоа бил Никола Мартиноски, роден на денешниов ден во 1903 година во Крушево, во влашкото семејство на Коста и Анушка. Неговото вистинско презиме е Мартини.
За слободата на изразувањето Мартиновски морал да лежи еден ден затвор во 1937 година, откако во кафулето „Океан“ негде близу денешно „Беко“ во Скопје нацртал петнаесетина еротски разголени сцени. Не помогнало ни тоа што тој потоа пробал да ги „облече“ ликовите. Властите на кралството СХС го казниле.
– Полицијата не одлучува што е уметност, а што е порнографија – изјавил тогаш Мартиноски.

Тој е прв директор на Средното уметничко училиште во Скопје, иницијатор на Народната галерија и член на МАНУ. Тој има два периоди прв и втор скопски период на сликање, а неговите дела од германски експресионизам во кој твореше и Едвард Мунк, преоѓаат во реализам, па и во соц-реализам. Во Букурешт учел за експресионизмот, во Париз за Модилијани. Имал и рани реалистички слики. Занает научил и од Димитар Андонов Папрадишки, кој бил зограф.
Многу од делата на Мартиноски од почетокот на триесеттите години претставуваат сцени од кафеанскиот живот или пак се поврзани со проституцијата. Користејќи го искуството на други уметници, Мартиноски ги деформира, дури и ги карикира фигурите за да ја нагласи бруталноста на мотивите на кои работи. Сликите „Доилка“ и „Композиција – Мајка со дете“ (1929/30), се дадени со слободни контури на фигурите и пејзажите, со еден вид експресионистичка тензија. Сликата „Кафеана 1“ (1930) е смело „измешана“ и преполнета композиција. Формите на женските и машките фигури се дадени со нервозни, раздробени потези, со забележлива кубистичка и експресионистичка инспирација.
Во последните етапи сликарството се приближува до симболистичкиот експресионизам, како оној на Марк Шагал. Мартиноски постепено ја менувал својата внатрешна тензија. Така, во цртежите од 1956, 1957, 1958 и 1959 година, внел аглести конструкции и деформации, кубистичка изразност и фантазија во композицијата, невообичаените, драматични и смели позиции на фигурите во просторот или грациозните, рафинирани и извиткани облици, се особено забележливи од 1959 до неговата смрт во 1973 година.
Сепак, невозможно е да се даде осврт на неговото творештво во само неколку дефиниции.