„КИНЕСКИ“ ШОК ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА Експлодира продажбата на електромобили
Продажбата на кинески електрични возила во Европа се дуплирала, а трговскиот суфицит на Пекинг достигнал 83 милијарди долари за само три месеци. ЕУ останува силно зависна од Кина за ретки земни метали. Дури 93% од пазарот на трајни магнети е под контрола на Пекинг.
Европа се соочува со нов „кинески шок“. Увозот на електрични возила од Кина расте со невидено темпо и го продлабочува трговскиот јаз меѓу Брисел и Пекинг, пишува Индекс Ауто.
Во првиот квартал од 2026 година, Кина извезла стока во вредност од 148 милијарди долари во ЕУ. Истовремено, увозот од Европа изнесувал само 65 милијарди долари.
Електричен бум
Продажбата на електрични и хибридни возила од Кина речиси се дуплирала. Од 11 милијарди долари во 2025 година, скокнала на 20,6 милијарди долари годинава.
Европа учествува со дури 42% во вкупниот извоз на кинески електровозила. Растот дополнително се засилил по геополитичките тензии на Блискиот Исток.
Кина отпорна, ЕУ бара решение
И покрај кризата и нарушените синџири, кинеската економија покажала стабилност. Анализите укажуваат на највисоки стапки на раст од 2022 година.
Европската Унија веќе предлага мерки. Се разгледуваат тарифи до 35% за кинеските автомобили и стратегија „Произведено во Европа“ за заштита на индустријата.
ЕУ ќе стане „кинеска провинција“?
ЕУ останува силно зависна од Кина за ретки земни метали. Дури 93% од пазарот на трајни магнети е под контрола на Пекинг.
Индустриските лидери предупредуваат дека без брза реакција, Европа ризикува да стане зависна економија од кинескиот извоз.