УРНЕБЕСНА РЕАКЦИЈА НА КРАЛИЦАТА НА РЕНОВИРАНАТА КУЈНА НА КЕЈТ Во куќата ја пречекале топли лазањи
Иако кралицата и војвотката од Кембриџ делат многу атрибути, нивните разлики биле видливи во текот на една од посетите на кралицата во Анмер Хол.
Кралицата Елизабета Втора и Кејт Мидлтон споделуваат многу исти атрибути – двете ги ценат дискрецијата, лојалноста и должноста – но нивните разлики биле видливи во текот на една од посетите на кралицата во Анмер Хол, пишува магазинот „Пипл“.
Кралицата имаше посебно мислење за ново реновираната кујна на војводата и војвотката од Кембриџ!
View this post on Instagram
Селскиот дом на Кејт и принцот Вилијам, во кој се вселиле во 2015 година по големото реновирање, можеби е на имотот на кралицата во Норфолк, но не е баш луксузен, каде што е познато дека Кејт доаѓа на врата со децата и тоа додека се печат лазањи во рерната. Преселувањето ги приближило до кралицата, која главно живее во замокот Виндзор.
Меѓутоа, малку е веројатно дека кралицата ќе седи во која било кујна за да јаде!
– Се сеќавам кога штотуку завршија со реновирањето на Анмер Хол и ја поканија кралицата на ручек – рекла за „Пипл“ Сали Бедел Смит, авторка на „Кралица Елизабета: Животот на модерен монарх“.
„Тие двајца имаат една од оние кујни со голем простор за јадење, а таа рече: „Не можам да разберам зошто сите го поминуваат своето време во кујната“.“
View this post on Instagram
Кејт и Вилијам ќе имаат уште повеќе можности да ја поканат кралицата на ручек додека кралската двојка планира да се пресели од Лондон во Виндзор, каде што нивните деца – принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (4) – ќе тргнат во ново училиште.
ФОТО: Инстаграм