РУСИТЕ СО СОСЕМА ПОИНАКВА ВЕРЗИЈА ЗА КРИМ? Потиснавме терористи на Исламската држава во Џанкој и во Јалта

Како резултат на координираните акции на ФСБ, ќелијата на организацијата е неутрализирана во градовите Џанкој и Јалта, се наведува во соопштението. Се вели и дека ФСБ утврдила дека емисарите на Хизб ут-Тахрир во Украина регрутирале локални муслимани кои се руски државјани „на конспиративни состаноци“.

901

Додека Украинците слават за експлозиите во две воени бази на полуостровот Крим, во кои, наводно изгореа голем број руски воени авиони, руската страна има сосема поинаква приказна за случувањата. ФСБ, руската федерална служба за безбедност објави дека активностите на „меѓународната терористичка организација Хизб ут-Тахрир ал Ислами“, чии членови се руски државјани, биле потиснати на Крим, пренесува ТАСС.

Како резултат на координираните акции на ФСБ, ќелијата на организацијата е неутрализирана во градовите Џанкој и Јалта, се наведува во соопштението. Се вели и дека ФСБ утврдила дека емисарите на Хизб ут-Тахрир во Украина регрутирале локални муслимани кои се руски државјани „на конспиративни состаноци“.

 






Одземени се пропагандни материјали, средства за комуникација и електронски носачи на информации кои се користеле при спроведување на терористички активности. ТАСС наведува дека е поднесена кривична пријава и дека истрагата продолжува.

Истовремено, на социјалните мрежи беа објавени сателитски снимки од воените бази. Тие покажуваат како изгледала локацијата на која се случиле експлозиите пред детонацијата, а како изгледа сега. Експлозиите се слушнале на најмалку две различни локации.

Украинците слават и поради фактот дека 38.000 руски автомобили побегнале од полуостровот со преку мостот кон копнениот дел на Украина по експлозиите. ТАСС официјално ја потврди информацијата.

Тоа се Русите кои се населија на Крим по неговото анектирање од страна на Русија во 2014 година.

 

Поврзани содржини