БАЈДЕН ЗНАЕЛ ЗА ВОЈНАТА МЕСЕЦИ ПРЕД TAA ДА ПОЧНЕ Го известил Зеленски, но украинскиот претседател не го сфатил сериозно

САД се плашеше дека Зеленски не му е дораснат на Путин, а целата математика била на страната на Русија. Затоа Бајден го испрати државниот секретар Ентони Блинкен да разговара со украинскиот претседател во Глазгов, на маргините на меѓународниот самит за климатските промени. Тогаш на Зеленски му беше кажано какви информации има Америка и дека се подготвува напад. Сепак, Зеленски во тоа време беше скептичен и најпрвин сметаше дека американските разузнавачи дека Русија ќе ги нападне се само шпекулации. Помалку од две недели по состанокот во Глазгов, министерот за надворешни работи на Украина и шефот на кабинетот на Зеленски го посетија Стејт департментот, каде висок американски функционер кој ги пречека јасно им рече: „Момци, ископајте ги рововите!“

330

Официјални лица на администрацијата на Бајден со месеци знаеле дека Путин собира десетици илјади војници и дека испраќа тенкови долж украинската граница, пишува Вашингтон пост.

Весникот ја наведува хронологијата на настаните што се случиле зад затворени врати во пресрет на руската окупација на Украина. Како што се трупале информациите, Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Бајден, се уверил дека Русија ќе започне војна во Украина и свикал итен состанок во Овалната соба.






Тогаш на Џо Бајден му било кажано дека разузнавачките информации за оперативните планови на Путин покажуваат дека сѐ е подготвено за масовен напад врз Украина, а Вашингтон пост пишува и дека американската разузнавачка заедница има свои извори во руското политичко раководство, шпионскиот апарат и војската.

Триесет високи функционери знаеле за војната

Според весникот, тогаш на Бајден му било кажано дека сегашните планови на Путин предвидуваат окупација на поголемиот дел од украинската територија.

Извештајот, со претходно необјавени детали, фрла нова светлина врз борбата на САД за враќање на кредибилитетот, обидот да се балансира разузнавачката тајна со потребата да се убедат сојузниците во нејзината вистинитост и предизвикот да се одреди како најмоќната воена алијанса во светот ќе помогне во помалку од совршена демократија, на руската граница, без НАТО да испука ниту еден куршум, оценува Вашингтон пост.

Исто така, весникот наведува дека текстот е напишан по разговори со повеќе од триесет високи функционери на САД, Украина, Европа и НАТО.

фото: твитер

Некој требаше да го разубеди Путин

На првиот состанок во Овалната соба, на кој присуствувале шефовите на ЦИА, ФБИ, првиот човек на Пентагон, како и бројни други функционери на разузнавачката и одбранбената заедница. Бајден бил детално информиран за сите плановите на рускиот претседател во Украина. Вашингтон пост оценува дека Америка добила „вонредни детали“ за тајните планови на Кремљ, додека Русија продолжила да демантира сѐ.

Откако бил соочен со новите разузнавачки информации и анализи на брифинг во октомври 2021 година, Бајден наводно имал две реакции. Требало прво да се обиде да го разубеди Путин и почувствувал дека треба да се испрати некој во Москва за да седне на маса со Русите на највисоко ниво и да им каже: „Ако го направите ова, такви и такви ќе бидат последиците“.

Второ, неопходно било да се информираат сојузниците за американското разузнавање и да се вклучат во единствена и решителна позиција дека на Русија треба да ѝ се заканат остри санкции, да се зајакне и прошири одбраната на НАТО и да ѝ се помогне на Украина.

Па така, Америка ги испрати своите највисоки функционери во Москва и во седиштето на НАТО во Брисел.

Четирите правила на Вашингтон

Вашингтон пост потоа наведува дека во САД се воспоставени четири важни правила:

  1. Не смее да има вооружен конфликт меѓу американската војска и НАТО со Русија
  2. Војната мора да остане во географските граници на Украина
  3. Единството на НАТО треба да се зајакне и одржува
  4. Украина треба да се зајакне и да ѝ се даваат средства за борба

Администрацијата на Бајден имала и друга грижа, а тоа бил Володимир Зеленски, украинскиот претседател. САД се плашеше дека тој не му е дораснат на Путин, а целата математика била на страната на Русија. Затоа Бајден го испрати државниот секретар Ентони Блинкен да разговара со украинскиот претседател во Глазгов, на маргините на меѓународниот самит за климатските промени. Тогаш на Зеленски му беше кажано какви информации има Америка и дека се подготвува напад.

Момци, ископајте ги рововите!

И Блинкен подоцна призна дека средбата се случила.

– Бевме само ние двајца, на два метри еден од друг – рече тој во едно интервју.

Сепак, Зеленски во тоа време беше скептичен и најпрвин сметаше дека американските разузнавачи дека Русија ќе ги нападне се само шпекулации.

Помалку од две недели по состанокот во Глазгов, министерот за надворешни работи на Украина и шефот на кабинетот на Зеленски го посетија Стејт департментот, каде висок американски функционер кој ги пречека јасно им рече: „Момци, ископајте ги рововите!“

Официјалните упатства им забранија на американските разузнавачки агенции да споделуваат тактички информации што Украина може да ги искористи за офанзивни напади врз локациите на руските трупи на Крим или против сепаратистите поддржани од Кремљ на исток.

Тоа е причината зошто Киев до денес не ги добил деталите за тоа што Вашингтон однапред го знаел.

Поврзани содржини