РОДНИНА НА БОРИС ТРЕТИ ДАЛ СОГЛАСНОСТ ДА СЕ РЕГИСТРИРА ЗДРУЖЕНИЕТО Вака била заобиколена потребата Министерството да издаде мислење
Во Законот за здруженија и фондации е предвидено дека за прашањата поврзани со имињата на здруженијата, во одредени случаи, се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва. Според тие одредби, може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.
Роднина на бугарскиот цар Борис Трети дал согласност неговото име да го носи здружението од Охрид, а на овој начин законски била избегната потребата здружението да побара позитивно мислење за регистрација, а Министерството за правда да го издаде. Ова го пренесе Канал 5, повикувајќи се на одговор што го добиле од Централниот регистар.
„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва, а во врска со член 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис Трети во името на Здружението“ го пренесува Канал 5 објаснувањето од Централен регистар.
Во Законот за здруженија и фондации е предвидено дека за прашањата поврзани со имињата на здруженијата, во одредени случаи, се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва. Според тие одредби, може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.
Дека здружението не доставило барање денеска потврдија од Министерството за правда.