ШИЛЕГОВ СО УПАТСТВО ДО ДАНЕЛА Сепак, ГЕС не е тартан…
Поранешниот градоначалник Петре Шилегов ја „подучува“ Данела Арсовска како се станува фактор во енергетската политика и како се создава можност за организирано и евтино затоплување на домовите.
Упатство за користење на ГЕС (Градски енергетски системи) – кратка верзија:
- Аплицираш и добиваш лиценца за дистрибуција на топлинска енергија. Надминат е проблемот со БЕГ и сега лиценцата може да се добие.
- Во истиот момент, стануваш дел од билингот (наплатата) и со наплатените сметки претпријатието станува доходовен субјект. Трошоците на производство не се на ГЕС, туку на ТЕТО, така што немаш потреба да купуваш гас за неговото функционирање.
- Мрежата е стасана до Ист Гејт. Со 600-800 метри цевковод, ја спојуваш мрежата со онаа на ЕСМ која функционира во Железара и Гази Баба.
- Помалку од 2 километра цевковод (по трасата на бул. Хрватска) се потребни да се спои системот со Топлана Север. Така целиот град го ставаш (изедначуваш) во техничката можност за дистрибуција на топлинска енергија.
- (Не е задолжително). На северниот дел од градот распишуваш концесија за гасна електрана (топлинска енергија е нус продукт на процесот, исто како ТЕТО). Таму секако поминуваат четири 110kw кабли и е блиску конекцијата до трафостаницата кај Радишани (една од главните во градот).
Вака, за период од 10-15 години (ако ја правиш новата енергана, ако не за помалку од 3 години), стануваш фактор во енергетската политика и созадаваш можност за организирано и евтино затоплување на домовите. А да, стратешки го решаваш и аерозагадувањето од затоплувањето.
И да. Многу е поедноставно да ги избркаш луѓето и да го згаснеш ГЕС, затоа што во реализација на кратково упатство има бајаги работа, детали, управување со процеси и луѓе. Има дури и експропријација .
Сепак, ГЕС не е тартан…
(ФБ статус на Петре Шилегов)