ТЕНКОВИТЕ СЕ КУПЕНИ ВО 2001 ГОДИНА ОД УКРАИНА Партијата на Георгиевски го разјасни потеклото на донацијата за Украина

Според партијата, за оваа донација земјава треба да добие компензација.

1,766

ВМРО-Народна партија денеска ја расчисти дилемата околу тоа дали на Украина земјава ѝ испрати подарени или купени тенкови.

Од партијата велат дека ако се работи за  тенкови од 2001 година кои сѐ уште се во функција тие се купени од Украина.






– Сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија.Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари – појаснуваат од ВМРО-НП.

Според партијата, за оваа донација земјава треба да добие компензација.

– Согласно тоа добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е сѐ уште функционално и употребливо – велат од партијата.

Поврзани содржини