СЕДУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СТРАДА ОД ДЕТСКА ДЕМЕНЦИЈА Станува збор за Санфилипов синдром, со животен век помеѓу 10 и 20 години
Повеќето луѓе ја сметаат деменцијата за болест која ги погодува само постарите лица, но едно семејство ја сподели својата потресна приказна, откривајќи дека нивната ќерка боледува од верзија на оваа болест уште од раното детство.
Во 2020 година, на сега седумгодишната Хајдин Фаулер ѝ бил дијагностициран Санфилипов синдром, генетска состојба која предизвикува пропаѓање на целото тело, што доведува до напади, нарушувања на движењето, екстремна болка и непријатност и на крајот губење на телесните функции.
Состојбата е терминална, со животен век помеѓу 10 и 20 години
Хајдин е родена со оваа болест. Иако изгледала здрава при раѓањето, нејзиното тело полека почнало да пропаѓа, предизвикувајќи речиси постојана болка и губење на способноста за зборување на само 7 години, како и ментални способности на 18-месечно дете.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.