📽️ НОЛЕ НАМЕСТО АВТОГРАМ ОТКРИ ПОЛ НА БЕБЕ Ѓоковиќ стана дел од најсреќниот момент на своите фанови
Српскиот тенисер за првпат откри пол на бебе, а емотивниот момент ги воодушеви неговите навивачи.
Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е еден од најомилените спортисти во светот. Наместо вообичаеното потпишување автограми и фотографирање со фановите, српскиот тенисер овојпат доби сосема поинаква задача – да го открие полот на бебето на брачен пар кој навива за него.
Необичниот момент се случил додека Ѓоковиќ се дружел со навивачи. Ковертот со информацијата за полот на бебето бил врзан со јаже и спуштен од тераса до тенисерот.
Видливо возбуден, Ѓоковиќ најпрво им се заблагодари за довербата.
– Ова ми е првпат. Пред сè, голема чест ми е. Ви благодарам што ми овозможивте да бидам дел од овој момент. Тоа е голема привилегија. Иако не се познаваме лично, од срце ви благодарам – им порача Ноле.
Пред да го отвори ковертот, Ѓоковиќ со насмевка уште еднаш ги праша идните родители дали се сигурни дека сакаат токму тој да им ја соопшти големата вест.
Потоа следуваше краток разговор со парот и со останатите присутни, кои почнаа да погодуваат дали ќе биде момче или девојче.
Кога го отвори ковертот, Ѓоковиќ ја откри долгоочекуваната тајна.
„Девојче!“, извика српскиот тенисер, по што следуваа аплаузи и воодушевување.
По откривањето на полот, Ѓоковиќ уште еднаш им се заблагодари на идните родители.
– Ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од овој момент. Тоа навистина многу ми значи – рече тој.
Како знак на благодарност, Ѓоковиќ им подари неколку подароци, меѓу кои автограм со посвета, капче и беџ со неговиот лик.
I truly love it, this couple asked Nole to read if they are having a girl or a boy ❤️
And Nole commented: Honored to be part of this. Congratulations ❤️
“We did a thing and Dr @djokernole approved!
💕07.07.2026💕” pic.twitter.com/LrpqCY6m8X— ᖴᖇᗩᑎI ® (@frani2312) July 18, 2026