УНГАРИЈА ДОБИВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ Сујок го потпиша уставниот амандман со кој му завршува мандатот

Со потпишувањето на 17-тиот уставен амандман официјално започнува постапката за избор на нов шеф на унгарската држава.

120

Унгарскиот претседател Тамаш Сујок го потпиша 17-тиот амандман на Основниот закон, со што официјално се отвора патот за избор на нов шеф на државата. Според амандманот, неговиот мандат ќе заврши ден по стапувањето во сила на уставниот акт.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Сујок изјави дека, иако можеби има лични резерви кон амандманот, нема уставни механизми со кои би можел да го оспори.






– Бидејќи претседателот нема можност уставните амандмани да ги упати до Уставниот суд на суштинска ревизија, немав уставни средства да го оспорам овој амандман, и покрај можната несогласност со одредени уставни принципи – рече Сујок.

Тој нагласи дека со потпишувањето на законот ја исполнил својата уставна обврска, откако внимателно ги разгледал сите правни можности.

– Мојот потпис е конечна потврда на мојата претседателска должност и израз на целосно почитување кон институцијата претседател на државата во сите околности – истакна Сујок.

Уставните измени беа изгласани во унгарскиот парламент со 139 гласа „за“, додека шестмина пратеници гласаа против, без воздржани.

Парламентот го усвои 17-тиот амандман на 13 јули, а со него се овозможува предвремено завршување на мандатот на актуелниот претседател.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека усвојувањето на амандманот претставува значаен чекор кон, како што наведе, враќање на уставниот поредок и реформа на државните институции.

Со стапувањето во сила на уставните измени, Унгарија ќе започне постапка за избор на нов претседател.

Поврзани содржини