А ШТО ТОА ТАМУ ТАЈНО СЕ ПРЕГОВАРА? Арсовски прашува за позициите на Ковачевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека целата јавност е загрижена, обвинувајќи ја владата за киднапирање на иднината на Македонија.

105

Димитар Ковачевски призна дека во моментов, во изминативе неколку дена, вклучително и денес сè уште тајно зад затворени врати се водат официјално преговори во Софија, во врска со предлогот за протоколот за ЕУ. Официјално Ковачевски призна пред јавноста дека некој си таму тим составен од поданици на оваа нерационална и дипломатски неуспешна Влада којашто ја предводи тој самиот, преговара со официјална Софија да ја запечати судбината на граѓаните и Република Македонија, иако сите знаеме каков е ставот на граѓаните, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Кога веќе призна Ковачевски дека се водат преговори, јавно го прашуваме, што преговара овој тим пратен во име на оваа расипничка Влада? Кои се позициите на тимот кој го испраќа Владата на Димитар Ковачевски? Што имаат договорено до моментов, за да некои луѓе блиски до Владата и СДСМ, јавно кажуваат дека има простор да се испреговара протоколот, иако знаеме што значи тоа – праша Арсовски.






Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека целата јавност е загрижена, обвинувајќи ја владата за киднапирање на иднината на Македонија.

Поврзани содржини