СЕ ЈАВИ ХОЛОГРАМОТ НА ЗЕЛЕНСКИ Ќе ја победиме Империјата од Стар Варс (ВИДЕО)

Ниту една друга земја во светот нема да ви понуди таква шанса да ги користите најнапредните технологии на државно ниво, им се обрати холограмот на претседателот на технолошките компании на саемот во Париз.

278

„Ќе ја победиме Империјата“, воскликна холограмскиот привид на украинскиот претседател Володимир Зеленски на саемот на технолошки компании во Париз, каде претходно тој ги повика претпримачите да ја изградат Украина како „дигитална демократија“ по војната, пишува Гардијан.

– Невообичаено е претседателите или шефовите на влади да користат холограм за да им се обраќаат на луѓето, но ова не е единствениот аспект од „Војна на ѕвездите“ што го применуваме во пракса – рече тој.

 






– И ние ќе ја победиме империјата – додаде тој, споредувајќи ги руските сили со непријателот во „Стар Варс“.

Во говорот, Зеленски од САД побара заем кој нема да го враќа , налик на оној со кој била финансирана Европа и сојузничките земји по Втората светска војна, каде се подразбира дека „хардверот ќе биде вратен“.

Претседателот рече и дека украинската влада ќе ги изложи спецификите на планот што ќе создаде дигитална влада на конференција во Швајцарија во наредните недели.

– Ниту една друга земја во светот нема да ви понуди таква шанса да ги користите најнапредните технологии на државно ниво – им се обрати тој на технолошките фирми.

– Тоа е истовремено експеримент и дигитална револуција и модернизација на сегашниот систем.

Украина силно ја искористи технологијата за време на војната со Русија, користејќи крипто-заедници за собирање средства и го замоли Илон Маск да ѝ обезбеди инфраструктура за сателитски интернет услуги, што се покажа успешно.

Поврзани содржини