АГРЕСОРСКИТЕ БРОДОВИ ЌЕ ЗАВРШАТ КАКО „МОСКВА“ Украинската војска се пофали со добиените ракети (ВИДЕО)

И други бродови на агресорот ќе му се придружат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море - се вели во соопштението.

2,313

Украинската армија се пофали на својот Фејсбук дека била снабдена со копнени фрлачи на моќни противбродски ракети од типот Харпун, заедно со придружните проектили.

– Тоа се испораки од Холандија, Велика Британија и Данска, а наскоро ќе се приклучат и други земји. Овие проектили ќе ја бранат Украина од непријателските руски бродови во Црното Море – се вели во соопштението на украинската војска.






– И други бродови на агресорот ќе му се придружат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море – се вели во соопштението.

Поврзани содржини