МАКЕДОНЕЦ ПОБЕДИ НА ТЦР ЕВРОПА Давидовски ја слушаше македонската химна во Франција (ВИДЕО)

Денеска Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите десет во квалификациите, па по фантастичниот старт, извозе најбрз круг и безгрешни 10 круга, во кои не им даде никаква надеж на конкурентите.

266

Виктор Давидовски стана првиот македонски возач кој остварил победа на ТЦР Европа, откако самоуверено и без никаква грешка извозе од старт до цел на трката за Големата награда на Франција. Тој изјави дека верува во својот тим и перформансите на Ауди.

Македонската химна беше интонирана пред победниците.






Пред победата, најдобар пласман на Давидовски беше четвртото место лани на истата патека, а вчера на првата трка заврши како шести. Денеска Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите десет во квалификациите, па по фантастичниот старт, извозе најбрз круг и безгрешни 10 круга, во кои не им даде никаква надеж на конкурентите.

Поврзани содржини