ЏЕБНОТО „НАТО“ НА ПУТИН Само еден човек му остана верен во ОДКБ
Но, зошто Путин не вели ништо за ова? Прво, затоа што тој не е во позиција да остане без сојузници во оваа ситуација. Второ, затоа што можеби е свесен дека веќе не може да удира со тупаница на масата и да испраќа подредени водачи да клечат на пченката. Трето, Кина и Турција сѐ повеќе го шират своето влијание на тој простор. Четврто, овие земји му се важни и затоа што преку нив се обидува да ги заобиколи и измами наметнатите западни санкции, односно преку нив сака да набави дефицитарна стока, пред сѐ софистицирана технологија.
Агресијата врз Украина предизвикува сѐ повеќе проблеми за Владимир Путин. Се појавија првите пукнатини во неговото „џебно НАТО“. Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ), во која покрај Русија членуваат и Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, не го покажа посакуваното единство, пишува Јутарни. Се чини дека само еден човек му остана целосно верен, белорускиот претседател Лукашенко.
Воздржаните пријатели на Путин
Другите земји на самитот биле воздржани. Учесниците не зборувале јавно за Украина, ниту пак безрезервно ја поддржале руската интервенција. Тие во моментов повеќе се загрижени за Авганистан и за талибанците, кои неволно се обидуваат да го прошират своето влијание во веќе вкоренетите централноазиски деспотизми како Киргистан, Таџикистан и Казахстан.
Да се потсетиме дека во Обединетите Нации, членките на ОДКБ апстинираа или не беа во салата кога Русија беше осудена за нападот на Украина. Тие не застанаа покрај Русија, како Белорусија и Сирија. Затоа Лукашенко на самитот ги прекори овие земји дека не се солидаризираат и дека го нарушиле единството на сојузот, па дури рече дека ЕУ изгледа многу похомогена од нив.
Токму како што проценија руските аналитичари, Лукашенко се однесуваше како мегафон на Путин и го кажа она што Путин го мисли, но сè уште не го кажува гласно. Претставниците на другите земји не се приклучија на руско-белоруските жестоки напади врз НАТО и Западот. Тие не го коментираа премногу ни проширувањето на НАТО со Шведска и Финска.
Четири причини зошто Путин ги толерира овие земји
Но, зошто Путин не вели ништо за ова? Прво, затоа што тој не е во позиција да остане без сојузници. Второ, затоа што можеби е свесен дека веќе не може да удира со тупаница на масата и да испраќа подредени водачи да клечат на пченката. Трето, Кина и Турција сѐ повеќе го шират своето влијание на тој простор. Четврто, овие земји му се важни и затоа што преку нив се обидува да ги заобиколи и измами наметнатите западни санкции, односно преку нив сака да набави дефицитарна стока, пред сѐ софистицирана технологија.
Тие земји, ако ништо друго, преку нивните проруски елити (сите претежно со политичко „потекло“ од СССР, зборуваат руски, се школувале во Москва) сè уште се врзани за Русија, но украинската авантура на Путин им покажа дека Русија е „тигар од хартија“ чие влијание во меѓународната политика се намалува.
Покрај тоа, тие не сакаат Путин да ги вовлече, како Белорусија, во изолација и санкции. Да потсетиме дека Белорусија е под санкции и, според премиерот Роман Головченко, санкциите веќе ја чинеа 16 милијарди долари и дополнителни 18 милијарди долари што не ги собраа од извозот на Запад.
Патот на свилата ќе ја прескокне Русија?
Путин сè повеќе ги чинат неговите сојузи. Но, тој се плаши и од постапката на Кина, која преку овие земји го гради својот „Пат на свилата“ кон Европа, заобиколувајќи ја Русија. Што се однесува до Турција, таа дури ги вклучи и преостанатите две централноазиски држави, Туркменистан и Узбекистан, кои не се членки на ОДКБ, во нејзината Организација на туркофонски држави.
Турција економски и политички е сѐ поприсутна на тој простор, иако досега сите три големи заинтересирани земји не се меѓусебно во конфликт, но натамошното слабеење на Русија секако би довело до тоа Москва полека да биде истисната.
Покрај проблемите на Путин со неговите најблиски сојузници, кои калкулираат за врските и поддршката за Русија, загрижен е и за постојаните тензии на Кавказ, односно во односите меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах. Дополнително, има чести вооружени конфликти меѓу двете членки на ОДКБ, Киргистан и Таџикистан, кои не прераснаа во сериозна војна само поради посредништвото на Москва.