ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА Е РУСИЈА ДА КАПИТУЛИРА Нема да дозволиме Русите да останат
Некои држави сакаат повторување на договорот од Минск, со кој безуспешно се обидуваа да стават крај на војната во украинскиот регион Донбас во 2014 година, а други земји ќе се обидат да преговараат, вели советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович.
Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович изјави дека Украина нема да направи компромис со Русија и нема да се откаже од својата територија.
– Единствена опција за помирување е капитулација на Русија, повлекување на трупите и разговор за отштета. Тоа е принципиелниот став на Владата – посочи Арестович.
Тој додаде дека некои држави сакаат повторување на договорот од Минск, со кој безуспешно се обидуваа да стават крај на војната во украинскиот регион Донбас во 2014 година, а други земји ќе се обидат да преговараат.
– Нема да има опција во која ќе им дозволиме на Русите да останат овде – посочи Арестович.