НАМЕСТО ДА ПИШУВАШ ПИСМА ОРГАНИЗИРАЈ ОТКУП Трипуновски му одговори на Николовски за отвореното писмо

Претседателот на комисијата за земјодлество на ВМРО-ДПМНЕ, потсетува дека Николовски пред 5 години пред  изборите вети највисоки откупни црни, а не направил ништо.

93

Наместо да пишуваш писма, или да објавуваш што некој друг ти напишал, организирај откуп за зелката, краставицата, доматот и јаболката. Земи обезбеди извоз по високи цени на оризот уште од сега, светска криза е, сите земјоделски држави книжат профити, а тебе како министер произведеното ти скапува на нива. Нели ти е срам?, му одговори на фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ  на отвореното писмо на министерот за земјодлество Љупчо Николовски.

Во постот Трипуновски констатитра дека Николовски откако го искешира Заев со 1,4 милиони евра, седнал да пишува писма колку е загрижен за земјоделците.






„Мизерно и одраз на најголема неспособност е да си министер за земјоделство во ек на најголема светска криза за храна, а храната произведена од твоите земјоделци да скапува по нивите, и да не можеш да организираш пласман. Цените на раноградинарските култури во Европа и Блискиот Исток рушат рекорди, а македонската зелка, краставици и домат скапува на нива или се продава по ниски цени“, пишува Трипуновски.

Тој потсетува дека Николовски пред 5 години пред  изборите вети највисоки откупни црни, а не направил ништо.

„Љупчо Николовски заедно со (Зоран)  Заев неартикулирано викаше по митинзи дека ќе има високи откупни цени и сигурен пласман за земјоделските производи уште пред 5 години. Но и по половина деценија нема ништо од тоа.Од година во година површините на посеви и засадени површини се намалуваат, а земјоделците наместо во Македонија одат да аргатуваат по нивите во странство. Не се проблем никакви закони, туку неспособноста на СДСМ“, пишува тој во пост на Фејсбук.

Поврзани содржини