ЕВРОПСКИ КУЛИНАРСКИ СОБИР Храна од цела Европа на Школка во парк
Дегустирајте ја традиционалната храна на земјите членки на ЕУ, подготвена од врвни мајстори од ЕУ. Зборно место – Школка, во Градскиот парк, сабота (21.мај) од 12 до 14 часот
Дегустирајте ја традиционалната храна на земјите членки на ЕУ, подготвена од врвни мајстори од ЕУ амбасадите учеснички во овој настан, како и од учениците од средното стручно угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“.
Во текот на оваа недела учениците од угостителство имаат несекојдневна можност да се запознаат поблиску со кујните на земјите членки на ЕУ, да научат за нивните кулинарски богатства и да ги развијат своите стручни вештини како идни кулинарски професионалци.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.