ДА ГИ ДОНЕСЕМЕ ЗАКОНИТЕ ВАЖНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА И ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Николовски во отворено писмо до Мицкоски

Николовски нагласува дека писмото не треба да се сфати како политички пазар, туку како апел за валоризирање на земјоделскиот труд и навременото планирање на наредната реколта од која зависат сите во земјава.

89

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, преку отворено писмо, ги повикува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски, пратениците од неговата партија и коалицијата, да овозможат да се донесат 9 закони кои се во собраниска процедура, од кои, како што вели, директно и индиректно зависат 20 000 земјодлески семејства.

Николовски нагласува дека писмото не треба да се сфати како политички пазар, туку како апел за валоризирање на земјоделскиот труд и навременото планирање на наредната реколта од која зависат сите во земјава.






„Пред вас се закони кои во вакви глобални услови и предизвици не смее, заради политички несогласувања да паднат на грбот на земјоделците. Сакам да потсетам дека доаѓа период во кој од поддршката на земјоделството и земјоделците и нивниот труд, директно ќе зависи и производството на домашна храна и производи кои ќе ги засегнат повеќе производствени сектори. Барам заедно да им помогнеме на овие наши граѓани да се подготват за нови реколти, поголемо производство и подостоинствен живот“, пишува меѓу другото Николовски.

Тој од Мицкоски и опозициските пратеници бара да заборават на блокадата и заедно да им помогнат на земјоделците со донесувањето на законите од кои дел се поднесени во 2020 година, а дел во 2021 година.

„Иако вашите политички приоритети, во судир на приоритетите на СДСМ и Владата притискаат за поинаква динамика и агенда, не смееме да ја заборавиме должноста да им помогнеме на земјоделците како и на сите други општествени сектори кои зависат од буџетски средства во форма на различни финансиски механизми со кои државата помага во услови на здравствена, енергетска и економска криза. Сакам да потсетам дека доаѓа период во кој од поддршката на земјоделството и земјоделците и нивниот труд, директно ќе зависи и производството на домашна храна и производи кои ќе ги засегнат повеќе производствени сектори“, наведува во писмото Николовски.

Тој во писмото  потсетува на законите кои бара да се донесат и ги наведува проичините поради кои тоа е важно:

  1. Закон за земјоделство и рурален развој – скратена постапка, доставен на 23.2.2022 година

За корисниците на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2022 година да се одложи важењето на условите за подмирени обврски по други основи кои не се од областа на земјоделството, односно обврските за кои е надлежна Управата за јавни приходи, со што ќе се отстранат пречките за исплата на субвенциите на производителите на тутун и останатите земјоделски стопанства кои се корисници на мерките  од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2022 година

Останати измени:

  • Исплатата на директните плаќања по површина кои се предмет на барањето за финансиска поддршка, а кои не се дополнителни директни плаќања (основни субвенции) ќе се врши пред да се утврди дали корисникот ги исполнува условите за доделување на директни плаќања, а најдоцна во рок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за субвенции;
  • Финансиска поддршка во земјоделството за зелена нафта да се зголеми на 100%.
  • Авансна исплата на износ од 40% од вредноста на инвестицијата за мерката за поттикнување на земјоделско производство со која се доделуваат до 20000 евра за млади земјоделци.Се прецизира мерката за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи во однос на можноста истата да ја користат и физички лица за инвестиции во комерцијални возила за директна продажба на земјоделски производи и преработки од земјоделски производи
  1. Закон за земјоделство и рурален развој, доставен на 26.8.2021 година

Ќе поттикне земјоделците да формираат задруги. Преку формирање на земјоделски задруги ќе се подобри процесот на организација на производството. (набавка на репро материјали, продажба, маркетинг, окрупнување на земјоделското земјиште)

  1. Закон за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, доставен на 01.12.2021

Основната цел на усвојувањето на оваа измена и дополнување е усогласување со Законот за земјоделство и рурален развој во делот на аплицирањето на финансиската поддршка, олеснување на процесот на аплицирање, намалување на административните процедури во интерес на корисниците на финансиска поддшка, можност за редовно ажурирање на податоците во базите и регистрите, зајакнување на институционалните капацитети на Агенцијата, а во насока за навремено постапување по барањето за финансиска поддшка, континуиран процес на обработка на барањата за финансиска поддшка, овозможувајки заокружен процес од аплицирање до исплата.

       4. Се дава можноста на право на увид во податоците од ЕРЗС, имајќи во предвид дека Агенцијата сега го води и воспоставува овој регистар и води управни постапки во насока на донесување на решенија за упис, бришење и измена.

Се овозможува да се намалат последиците од административните процедури и бариери како и трговските бариери кои се уредени согласно договорот со ЦЕФТА.

       5.Законот за тутун, производи од  тутун и сродни производи – скратена постапка, доставен на 26.1.2022

Целта на предлог измените е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност при откуп на тутунот и покрај поднесен приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

 Измени на закони:

       6. Законот за шумите, доставен на 19.11.2020

7. Закон за Државниот инспекторат за земјоделство, доставен на 19.11.2020

8. Закон за шумарска и ловна инспекција, доставен на 11.12.2020

Се овозможува конзистентност на правниот систем преку усогласување со Законот за прекршоци – како системски закон и останатите закони кои регулираат конкретни области.

  1. Закон за земјоделско земјиште, доставен  на  5.11.2020

Ќе се овозможи да се создадат законски претпоставки за спроведување на Законот за земјоделско земјиште, да се подобри ефикасноста на постапката за користење и располагање со земјоделско земјиште во државна сопственост.

 

 

Поврзани содржини