ПРЕМИЕРОТ СИНОЌА ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Имал болки во стомакот од труење со храна, па го пуштиле дома

Премиерот беше примен со болки во стомакот, најверојатно, од труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е пуштен во сосема добра здравствена состојба, велат од Владата.

878

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа ноќта ја поминал во болница, најверојатно, поради труење со храна, а денеска е пуштен во добра состојба, потврдија од Владата.

„Премиерот беше примен со болки во стомакот, најверојатно, од труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е пуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата.

Поврзани содржини