СОНК НЕ ИМ ДАДА ШАНСА НА ПРЕГОВОРИТЕ Битиќи вели дека усогласување на платите било договорено за 6 месеци

На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од 6 месеци, но сепак, само 3 дена после тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк, рече Битиќи.

217

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, смета дека СОНК не им даде шанса на преговорите кои беа во тек и се одлучи на штарајк.

– И покрај неколкуте обиди да преговараме, сепак повикаа на штрајк – рече Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“.






Тој рече дека штрајкувањето е парцијално бидејќи градоначалниците повикале воспитно-образовниот процес  да продолжи затоа што децата треба да бидат приоритет.

– Во Економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС, иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од 6 месеци, но сепак, само 3 дена после тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк – рече Битиќи.

Тој посочи дека за Владата е највисок приоритет подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека покрај порастот на минималната плата, пораснала и просечната од 21.000 на 30.000 денари.

– Усогласувањето рековме дека ќе го има, но притоа мора сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме. Истовремено, исходот на преговорите за минимална плата имаше 3 резултати. Прво –  зголемена минимална плата, второ – консензус дека ќе има усогласување, дека за усогласувањето ќе се применува членот 8-а којшто дава период од 6 месеци и сите чинители таму рекоа – да, го прифаќаме тој предлог, вклучително и СОНК и другите, и КСС и другите – рече Битиќи.

 

Поврзани содржини