ИЗГУБИ, СЕ ПОВРЕДИ И ЗБЕСНА Роналдо му скршил мобилен на момче со аутизам (ВИДЕО)

Роналдо се извини за инцидентот преку Инстаграм и го покани навивачот на „Олд Трафорд“, а неговиот клуб Јунајтед веднаш стартувал истрага.

1,056

Фудбалерот Кристијано Роналдо му го избил од рака и му го скршил телефонот на момче со аутизам по поразот од Евертон и по неговата повреда на овој меч. Ова се гледа на видео снимка објавена на социјалните мрежи.

Сара Кели, мајката на 14-годишниот Џејк Хардинг, во интервју за „Ливерпул ехо“ вели дека момчето, кое има аутизам, првпат било на „Гудисон парк“ да ги гледа своите омилени Евертон, кои стигнаа до победа од 1:0. Роналдо бил исфрустриран од резултатот, но и од повредата која ја добил, па по излегувањето од теренот го направил овој инцидент.






– По крајот на мечот, фудбалерите на Манечстер јунајтед излегувааа од теренот, ние бевме на Парк енд, и мојот син ги снимаше. Потоа го наведна телефонот бидејќи Роналдо ја имаше спуштено чорапата и имаше крв на ногата. Тој не му кажа ништо, а Роналдо го удри по раката и му го скрши телефонот. Не ми се верува дека тоа се случи. Џејкоб беше во целосен шок, тој има аутизам и диспраксија, така што не сфати точно што се случи додека не се врати дома. Сега е вознемирен и не сака да оди на натпревар повторно. Ова беше првпат да оди на натпревар и се случи ова. Роналдо му беше идол. Ќе сфатев тоа да се случеше ако Џејк му мафташе пред лице или нешто друго. Како да објаснам дека аутистично момче е нападнато од фудбалер – вели мајката Сара во интервју за „Ливерпул ехо“.

Роналдо се извини за инцидентот преку Инстаграм и го покани навивачот на „Олд Трафорд“.

Никогаш не е лесно да се соочиме со емоциите во тешки моменти како овој со кој се соочувам. Сепак, секогаш мораме да имаме почит, трпеливост и да им даваме пример на сите млади луѓе кои сакаат добра игра. Јас би сакал да се извинам за мојот испад и, ако е можно, би сакал да го поканам овој навивач да гледа натпревар на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух“, напиша Рондалдо.

Како што објави новинарот на Скај Спорт, Лиал Томас, Јунајтед веднаш стартувал истрага по објавената снимка.

Португалскиот фудбалер веќе со недели е незадоволен од формата и резултатите на Јунајтед.

Поврзани содржини