ПОРОШЕНКО ГО ПОВИКА ПРИЈАТЕЛОТ БАЈДЕН Во знак на солидарност, дојдете да ја посетите Украина (ВИДЕО)

Зошто мојот голем пријател, многу добар пријател на Украина, Џо Бајден, лидерот на глобалниот свет, кој сега демонстрира лидерство, не дојде да не посети, вели Порошенко.

798

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека американскиот претседател Џо Бајден треба да дојде во Украина идната недела, кога ќе престојува во Европа за самитот на НАТО во Брисел.

– Зошто мојот голем пријател, многу добар пријател на Украина, Џо Бајден, лидерот на глобалниот свет, кој сега демонстрира лидерство, не би дошол во посета тука идната недела, како симбол на нашата солидарност? – изјави Порошенко за „Си-ен-ен“, облечен во војнички блузон и опкружен со војници во Киев.






Поврзани содржини