МАРКЕТИ ЈА ВРАТИЈА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НА 25 И НА 27 ДЕНАРИ Бектеши наместо мерки ги повика сите трговци да го сторат истото

Министерот информира дека Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата.

327

Ја поддржуваме одлуката на дел од синџири на маркети во државата коишто донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој ги повика останатите трговци да ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.






„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25-27 денари за да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“, напиша Бектеши.

Синџирот супермаркети „Кипер“ објави дека цената на основниот леб ќе ја заджи  на 25 односно 27 денари.

Министерот информира дека Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата.

 

Поврзани содржини