НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗГОВОРИ Мицкоски ја повика владата да ја намали акцизата за горива за 50 отсто

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 отсто даночна стапка за храна, да е 0 отсто и бараме и за парното да се намали на 0.

818

Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 отсто. Вкупно 43 отсто од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво. Да се намали ДДВ за храна. Ова денеска на фејсбук го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок. Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард.Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада.Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството“, пишува Мицкоски.

Тој додава дека не  е време за изговори.

„Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43 отсто од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво.Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула.

ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5 отсто. И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори “, пишува Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија смета дека пари во буџетот има.

„Нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења“, пишува на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Поврзани содржини