ТРАМП ДОБИ ИДЕЈА Да ги покриеме нашите авиони со кинески знамиња и да ја нападнеме Русија

2,204

Поранешниот американскиот претседател Доналд Трамп иронично дал предлог САД едноставно да ги покријат борбените авиони со кинески знамиња и да ја нападнат Русија, велејќи дека тоа ќе ги наведе Русите и Кинезите да се борат меѓу себе.

Обраќајќи им се на главните донатори на Републиканскиот национален комитет синоќа во Њу Орлеанс, Трамп повторно зборувал за војната во Украина. Тој ја кажал идејата дека би било добро САД да ги прикријат борбените авиони Ф-22 со кинески знамиња и да бомбардираат во Русија, според аудио снимката објавена од новинарот на „Вашингтон Пост“, Џош Доуси.

– И тогаш ќе речеме – Кина го направи тоа, ние не. Потоа тие почнуваат да се расправаат меѓу себе, а ние седиме и гледаме. Јас сум единствениот американски претседател во овој век за време на кој Русија не нападна никого – додал Трамп.

Поврзани содржини