ПЛОМБА ЗА КЛУБ И ЗА КАФЕАНА Контрола во 18 скопски клубови и ресторани

Во еден од клубовите бил пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава, а биле затекнати и малолетници по 24 часот.

2,388

По спроведена акциска контрола во 18 ноќни клубови и угостителски објекти во Скопје, регистирани се различни прекршоци како неиздавање фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи изрекла санкции за 16 објекти, Државниот пазарен инспекторат за осум објекти, а два објекта се запечатени.






Притоа од Министерството иформираат дека во еден од клубовите бил пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава, а биле затекнати и малолетници по 24 часот.

Од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини