МОРНИЧАВО ВО КИЕВ Одекнуваат експлозии и сирени за воздушен напад ВИДЕО

3,836

Според известувањата на светските медиуми вечерва има нови експлозии во Киев, а репортерите известуваат дека се слушаат и сирени за воздушен напад.

Неколку големи експлозии се слушнале попладнево околу 18.40 часот по локално време источно од центарот на Киев.






Дописникот на Би-Би-Си од Киев јави дека базата од која испраќа извештаи од теренот била потресена од блискиот оган од проектил и проценува дека борбите да се приближуваат до срцето на главниот град на Украина.

Експлозиите следуваат кратко време откако доцна попладнево беше објавено дека завршила првата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација.

Сателитски снимки направени денеска покажаа дека руските копнени сили продолжија да се приближуваат до главниот град на Украина со воен конвој долг 27 километри, соопшти приватна американска компанија.

Maxar Technologies Inc соопшти дека во конвојот се стотици оклопни возила, тенкови,  артилерија и возила за логистичка поддршка. Тој продолжил да се движи кон југ кон Киев, јави МИА.

 

Поврзани содржини