ЗБОРУВААТ ЗА САНКЦИИ КОН БЕЛОРУСИЈА, А МУ ДАЛЕ ТЕНДЕР НА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ Милошоски откри дека Марковски добил тендер од 26 милиони евра

„На владата во МК главен бизнис партнер во РЕК и финансиер на партијата на власт им е почесниот конзул на Белорусија, Марковски од Битола, доби 26М€ без тендер последниов месец!“, напиша Милошоски на Твитер.

1,213

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска обвини дека додека власта најавува санкции за Белорусија, истовремено соработува со нејзиниот конзул во земјава, кому му дала тендер од 26 милиони евра.

„Додека министрите реторички се за санкции и против Белорусија (од каде јуришаат тенковите кон Киев), на владата во МК главен бизнис партнер во РЕК и финансиер на партијата на власт им е почесниот конзул на Белорусија, Марковски од Битола, доби 26М€ без тендер последниов месец!“, напиша Милошоски на Твитер.

Поврзани содржини