РУСИЈА ДОСЕГА ИЗВРШИЛА 203 НАПАДИ Се војува на целата територија на Украина

Советник на украинскиот претседател претходно изјави дека се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Херсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев. 

428

Украинската полиција денеска соопшти дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси целата украинска територија.

Граничната полиција соопшти дека украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми.






Украинскиот министер за одбрана изјави дека некои руски војници биле заробени.

Советник на украинскиот претседател претходно изјави дека се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Херсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев.

Поврзани содржини