ПРИНЦОТ ХАРИ ИМАЛ ПРЕКАР Жена му по дома го вика „Хаз“
Хаз?! Не знаев дека те викаме Хаз!, извикал водителот. Па ти не си ми жена, му возвратил Хари.
Принцот Хари има прекар. Него на скратено Меган му се обраќа со „Хаз“, а ова за првпат се обелодени во Ноќното шоу на Џејмс Корден, пишува Мирор. Во шоуто била пуштена снимка од турнејата на Хари низ Лос Анџелес. Хари е во автобус и преку видеоповик на мобилниот зборува со Меган. „Еј Хаз, како иде турнејата?“, го прашува неговата жена.
Поради ова шоуменот Корден се потсмеваше со принцот:
– Хаз?! Не знаев дека те викаме Хаз! – извикал водителот.
– Па ти не си ми жена- му возвратил Хари.
Но, ова не е единствениот пат кога Меган го нарече Хари со прекар. Таа тоа го направи и за време на гостувањето во шоуто на Елен, кога почна да разговара за неверојатното заедништво меѓу нивните деца. Веројатно тогаш медиумите не обрнаа многу внимание на овој детал.
Хари и Меган живеат во Калифорнија речиси две години, откако се откажаа од своите кралски титули во 2020 година. Тие сѐ уште не имале никој на гости од кралското семејство.